| четврток, 6 декември 2018 |

НБА кошаркарот Мобли ги тренираше децата од СОС Детско село

Децата од СОС детско село ги посети Кутино Мобли, бивш НБА кошаркар а во моментов еден од сопствените на NYSK Холдинг, компанија инвеститор во Македонија. Еднодневната посета беше пречекана со голема радост, посебно од околу 20 деца од програмата кои активно тренираат кошарка, а Мобли стана нивна инспирација и позитивен пример.

Тоа што во моментов сум присутен во Македонија со своите бизнис партнери од NYSK Холдингот со цел да создадеме добри бизнис околности за државата, не ме оддалечи од мојата првична преокупација – кошарката. Сакајќи со некого да споделам спортски моменти ги посетив децата од СОС Детско село, откако дознав за нивниот ентузијазам за тренирање кошарка. Поминавме прекрасни моменти и можам да кажам дека има вистински таленти меѓу нив, па затоа нашето дружење ќе добие продолжение како и кошаркарскиот тренинг“, изјави Мобли.

Покрај запознавањето и разменета на впечатоци, на игралиштето Кутино споделуваше и ги учеше децата на кошаркарски техники и движења, по што се одигра вистински кошаркарски натпревар.

„Ваквите моменти и случувања се од големо значење за развојот на децата затоа што на децата им даваат чувство на семејна активност, а истовремено лично за нив претставуваат навистина бесценето доживување и искуство коешто ќе го паметат уште многу долго. Искрено се надевам дека во иднина ќе имаме уште многу можности за заеднички игри и вакви мотивирачки посети од некого што може да им даде позитивен пример“, изјави Виолета Ѓеорѓиевска, Менаџер на програма за згрижувачки семејства и развој на деца во СОС Детско село.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top