Во текот на изборниот ден од МВР информираат дека вкупно се преведени 9 лица за изборни нерегуларности од кои повеќето се за сликање на гласачкото ливче.
Евидентирани се осум пријави за фотографирање на гласачки ливчиња, од кои расчистени се седум случаи односно седум лица се приведени, од кои четири во Скопје: Д.С. (на гласачко место во ОУ “Ѓорче Петров“); С.А. (гласачко место во ОУ “26 Јули“); Џ.Д. (гласачко место во ПУ “Петар Здравковски Пенко“) и Д.Д. (гласачко место во ОУ “Ѓорѓи Димитров“), две лица во Охрид – Д.Т. (гласачко место во населба Лескоец) и С.А. (гласачко место во музичкото училиште) и уште едно лице Е.А. (на гласачко место во ОУ “Кемал Ататурк“ во Жупа. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, пренесуваат од МВР.
Во два случаи – едниот на гласачко место во скопско Мирковци и вториот на гласачко место во Кавадарци – приведени се две лица. Во првиот случај лице гласало во име на својата мајка (таа последовително е повикана на разговор во ПО Мирковци) а во Кавадарци лице гласало во име на својата сопруга, при што од ОЈО Кавадарци настанот е квалификуван како кривично дело – “злоупотреба на избирачко право“ (по чл.161 од КЗ на РМ), информира МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст