| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжено гласањето во едно избирачко место во Крива Паланка

Во избирачкото место 0951 во Крива Паланка поради технички проблеми гласањето ќе биде продолжено за еден час, информираат од ОИК.

– Во избирачкото место 0951 каде гласаат жителите на населба Баглак е констатиран технички проблем, две ливчиња за градоначалник се повеќе, па поради тоа имаше прекин во гласањето од еден час, за колку што и ќе биде продолжено времето за гласање. Извршивме увид како општинска изборна комисија, гласањето се одвива непречено, а известена е и ДИК, информира Душко Арсовски,претседател на ОИК Крива Паланка.

На ова избирачко место гласањето ќе трае до 20 часот, а во избирачкиот список се регистрирани 901 гласач за им 0951

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top