По гласањето на избирачко место во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов изјави дека очекува овие локални избори да поминат во мирна, демократска и фер атмосфера.
-Денес кога се избира локалната власт, граѓаните може да ги изберат оние кои за време на изборните кампањи им понудиле дека ќе им го подобрат нивниот живот и услови за живот, бидејќи реалниот живот секојпат е на локално ниво и граѓаните очекуваат тие што ќе ги изберат да им го подобрат квалитетот на животот“, рече Иванов.
Тој додаде дека очекува и овие избори како и сите досегашни, да покажат зрелост кај граѓаните и да покажат дека „како одиме во секои избори, така напредуваме и ја збогатуваме демократијата и понудата за граѓаните“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст