Изборниот законик пропишува дека во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот список за соодветната општина.
Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот список за соодветната општина, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина. Ако за градоначалник е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови од ставот на овој член, се повторува целата изборна постапка.
Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, пропишува Изборниот законик. Вториот круг на гласање се одржува 14 дена по денот на завршувањето на првиот круг на гласањето, односно на 29 октомври. Во вториот круг ќе биде избран кандидатот кој добил поголем број гласови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст