| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо не планира да се пензионира во Манчестер

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, признава дека во иднина очекува дека ќе замине од „Олд трафорд“ бидејќи уште има амбиции за нови искуства. Португалецот е во втората сезона со Јунајтед по потпишувањето на тригодишниот договор во 2016 година, и оваа година очекува многу подобра сезона.

Шпекулациите велат дека сопствениците на Јунајтед би можеле да му понудат нов договор, но Мурињо јасно посочува дека нема да го следи примерот на сер Алекс Фергусон, кој помина 26 години како менаџер на тимот.

„Единствено што можам да кажам е дека уште сум менаџер со грижи, амбиции, но и желби за нови искуства. Сигурен сум дека нема да ја завршам кариерата во Манчестер“, вели Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top