Генерално мирен изборен ден, со ситни инциденти и нерегуларности. Вака накусо може да се опише досегашниот изборен ден на шестите локлани избори.
– До овој момент, во Основните јавни обвинителства има неколку пријави за изборни нерегуларности, за кои надлежните Основни јавни обвинителства преземаат дејствија во насока на утврдување на фактите дали има Кривични дела против изборите и гласањето. Комисијата за следење на изборни нерегуларности продолжува да ја координира работата на јавните обвинителства во врска со откривање и гонење на сторители на кривични дела поврзани со изборите, се вели во известувањето од обвинителството, соопшти попладнево Јавното обвинителство. Во рамки на истото, формирана е Kомисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности. Во сите јавни обвинителства покрај редовните дежурства, организирани се и дополнителни дежурства од јавни обвинители за итно да се постапува по предмети поврзани со изборниот процес.
И МВР и набљудувачите потврдија дека генерално, изборниот ден е мирен, а секоја нерегуларност се испитува.
Делење гласачки ливчиња, семејно гласање, расправии меѓу припадници на политички партии, фотографирање на ливче, непочитување на гласачката процедура и проблеми при одвивање на гласањето, се само дел од нерегуларностите кои ги забележа граѓанската асоцијација МОСТ на денешното гласање. Организацијата регистрирала и повеќе проблеми со изборниот материјал. Регистрирани биле и проблеми предизвикани од неовластени лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст