| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: До 12 часот нема регистрирано посериозни нарушувања во текот на гласањето

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска до 12 часот нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето.

– Гласањето, генерално, се одвива мирно, без проблеми. До овој момент регистрирано е едно нарушување на јавниот ред и мир и тоа во 10 часот на улица „Втора Македонска бригада“ во близина на ОУ “Петар Здравковски Пенко“ во скопски Бутел каде што лицата Г.Н и Г.Т. по претходна вербална расправија се обиделе физички да се пресметаат, но полицијата веднаш реагирала. Според првичните сознанија, оваа расправија не е поврзана со изборите. Гласањето на ова гласачко место сега се одвива нормално, рече на денешната прес-конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Во периодот до 12  часот регистрирани се неколку пријави од граѓани по кои се постапува, а се однесуваат на наводен поткуп на гласачи и организирано носење на гласачи на гласачки места.

Портпаролот на МВР ги повика граѓаните да пријават било каков инцидент поврзан со изборниот процес и потенцира дека полицијата нема да толерира никакви инциденти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top