| четврток, 6 декември 2018 |

ОЈО: Има неколку пријави за изборни нерегуларности

Kомисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на Република Македонија будно ги следи сите случувања за време на изборниот процес и денеска за време на гласањето. Во сите јавни обвинителства во Република Македонија, покрај редовните дежурства, организирани се и дополнителни дежурства од јавни обвинители со цел приоритетно, итно да се постапува по предмети поврзани со изборниот процес, вели јавното обвинителство.

„До овој момент, во основните јавни обвинителства има неколку пријави за изборни нерегуларности, за кои надлежните основни јавни обвинителства преземаат дејствија во насока на утврдување на фактите за постоење на елементи на сторени кривични дела предвидени во Глава 16 од Кривичниот законик – Кривични дела против изборите и гласањето.Комисијата за следење на изборни нерегуларности продолжува да ја координира работата на јавните обвинителства во врска со откривање и гонење на сторители на кривични дела поврзани со изборите, за што во континуитет јавноста ќе биде известувана“, се вели во известувањето од обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top