| четврток, 6 декември 2018 |

Загреб го тресат експлозии

Две експлозии го потресоа ноќеска Загреб. Во населбата Пешченица во Загреб околу 3 часот одекнала детонација и на повик на жителите на терен дошла полицијата, јавува порталот „Индекс“.

Според неофицијални информации, тоа е експлозија на рачна граната која се наоѓала меѓу автомобили. Четири автомобили и фасадата на околните куќи се оштетени, но никој не е повреден.

Во текот на истрагата, во Липничка повторно, имало експлозија. Според првичните информации, исто така е активирана рачна граната, но и тука нема повредени.

Иако двете експлозии се случиле во непосредна близина, полицијата засега нема информации за сторителите или поврзаност на експлозиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top