Во општина Гостивар, според податоците на Општинската изборна комисија ОИК, до 13 часот правото на глас го искористиле 14.488 лица или 18,21 проценти.
Изборниот процес во оваа полошка општина засега се одвива без посериозни потешкотии или нарушувања на изборниот процес. Комисијата регистрирала неколку технички проблеми на неколку изборни места, но процесот не е прекинат.
Во избирачкиот список за општина Гостивар има вкупно 79.569 лица кои гласаат на 121 избирачко место. Во општина Врапчиште на 39 избирачки места гласале 3.848 лица или 15,17 отсто од вкупно запишани 25.377 лица.
Во општина Маврово – Ростуше до 13 часот на гласање излегле 1.731 лица, или 17,5 проценти, во најмалата по бројност општина во гостиварскиот регион во избирачкиот список се запишани 9.847 лица кои гласаат на 39 избирачки места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст