Во Кочани излезеноста до 13 часот изнесува 33,3 отсто од вкупниот број на запишани 33.264 граѓани со право на глас. На гласање излегле вкупно 10.791 лица, информира претседателката на ОИК Кочани Марија Гоцева.
Во Виница од ОИК истакнуваат дека до 13 часот гласале 4.976 граѓани со право на глас од запишаните 17.354 или во проценти излезеноста е 28,7 отсто.
Во општина Зрновци излезеноста на гласачите до 13 часот изнесува 30,7 отсто. Од запишаните 2.628 гласале 807 граѓани.
Излезеноста во општина Чешиново-Облешево до 13 часот е 28,8 отсто. Од запишаните 5.695 лица, гласале 1.639 гласачи.
Општинските изборни комисии на Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево истакнуваат дека гласањето се одвива нормално, во фер и демократска атмосфера, без инциденти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст