| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Тепачката во Бутел нема врска со изборите

Изборите засега се одвиваат без посебни проблеми или какви било нарушувања. Полицијата е на терен и постојано го следи процесот, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Според него, има седум пријави за делење поткуп на кои се работи, а на дваесетина места гласањето било прекинато од технички причини и потоа продолжило регуларно.

Само во ОУ „Петар Здравковски Пенко“ во општина Бутел имало вербална расправија и обид за физичка пресметка која, како што нагласи Ангеловски, немала никаква врска со изборите.

– Ако граѓаните видат каква било неправилност или нерегуларност при гласањето да пријават до МВР, а партиите да се воздржат од секакво нарушување на јавниот ред и мир, порача Ангеловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top