| четврток, 6 декември 2018 |

Музиката може да ве натера да правите и мислите она што некој друг сака (видео)

Античките музички ноти создадени во таканаречената Це-Дур скала биле забранети сè до Француската револуција. Луѓето знаеле дека нотите можат негативно да влијаат на нив, особено кај младите луѓе во развој. Истите обликувале чувства на незадоволство, агресија, но и ги одвраќале од моралните вредност. Денеска, како што велат музичките експерти, целата модерна музика е создадена токму во Це-Дур скалата.

Дали сте свесни дека фреквенциите, музиката и звукот се постојано околу вас? Цело време. Повеќето луѓе не се ни свесни дека константно се под влијание на некакви вибрации. Тоа незнаење за звукот и фреквенцијата намерно дава можност на сцена да стапат оние кои знаат и преку тоа знаење да ги реализираат своите нејасни планови.

Поголемиот дел од музичката продукција во целиот свет е ускладена на 440Hz затоа што така одлучила Меѓународната заедница за стандарди уште во 1953 година. Неодамнешното откритие за вибрациски-осцилациската природа на вселената индицира дека тој денешен меѓународен концертен тон (висината на тонот, се однесува на фреквенцијата) може да предизвика нездрав ефект или несоцијално однесување во свеста на човечките суштества.

432 Hz, позната како Вердијева А фреквенција, е интересна по тоа што таа е математички усогласена со вселената. Нотата темелена на 432 Hz се пренесува на човек со благотворна лековита енергија затоа што тоа го чисти тонот. Наводно таа промена со 432 Hz на денеска стандардните 440 Hz ја користел и предводникот на нацистичката пропаганда и манипулација Паул Јозеф Гебелс. Тој тие  фреквенции ги пуштал во логорите со цел заробениците да ги доведе до одредена состојба на свест: растројство или раздразливост.

Потоа САД воведоа 440 Hz како норма во дел од светот, а во 1953 година таа фреквенција стана стандард на кој се темели музиката во светот. Со нејзина помош, целиот свет е доведен до состојба на раздразливост и нескладност. 440 Hz е неприродна состојба на фреквенција која е отстранета од симетријата на вибрации на нашата планета и вселената, и поради тоа тие фреквенции се нарекуваат уште и оружје кое е репетирано кон потсвеста на западниот човек.

Музиката може да ве натера да правите и мислите она што некој друг сака.

„Многу е веројатно дека денешниот рок, поп и модерна музичка сцена, но и звуците кои луѓето ги примаат од реклами, фреквенции, домашни апарати, радија, телевизори се едно големо истражување насочено кон човечката психа. Манипулацијата со фреквенциите и тоа како е можна. Оние кои ги произведуваат тие звуци преку таквите фреквенции може да го натераат човечкото суштество да го купи во дуќанот она што вие  сакате, да го прави она што вие сакате, но и да мисли онака како што вие сакате и да се потчини на некоја волја“, вели познатиот музиколог и додава дека луѓето воопшто не се свесни дека преку музиката, звуците и фреквенцијата може да се манипулира со нив.

„Ние сме под влијание на музиката секој ден од 00 до 24 часот, секој момент без оглед дали слушаме музика или ги слушаме звуците на ладилникот, телевизорот или некои други уреди. Сето тоа создава некој вид звуци и музика. А фактот е дека оној кој сето ова го замислил морал претходно да го промисли и да истражи што може да се постигне со тој звук.

Ние денеска слушаме многу музика и несвесно истата нè обликува, и тоа по мерка на оној кој ја создава и кој нешто знае за музиката“, завршува споменатиот музички педагог.

Забранетиот Це-Дур денеска е норма

Старогрчките музички ноти и музички модуси создадени на таканаречениот Це-Дур сè до Француската револуција биле забранети. Луѓето знаеле дека нотите можат негативно да влијаат на нив, особено на младите луѓе во развој, и да создадат чувство на незадоволство, агресија, но и да ги одвратат од моралните вредности.

Денеска, како што говорат музиколозите, целата модерна музика е создадена токму на таа Це-Дур скала.

„Претходно музичарите, како Бах, морале да ја познаваат целата вселена, физика, математика, хемија, биологија, астрологија на светот за да можат да создадат музика.

Така, тие ја слушале хармонијата на природата, Бог и сето тоа што е создадено за да создадат музика во склоп со природата и човекот. Таа музика имала посебни бои, предизвикувала чувства, а за тоа музиката изворно и служи. По Француската револуција, светот се оддалечува од Бога и сето тоа што го создал. Со музика се занимаваат луѓе кои немаат никаков поим за нејзиното влијание на човекот, па дури не ги познаваат ниту нотите. Така создадена музичката деструкција трае до денес. Музиката составена од одредени елементи има моќ да влијае на човечката психа, на емоциите и на однесувањето на човечкото суштество.

Денешната музика може да има деструктивно влијание, велат експертите и заклучуваат дека луѓето несвесно паѓаат под влијание на музиката. Тоа може да биде многу опасно. Затоа што музиката може да го обликува човекот и неговите чувства по волја на оној што ја создава истата“, заклучува музичкиот педагог.

Фреквенцијата 440 Hz доведува до емоционално нарушување

Во текстот под името „Музичкиот култ на контролата“ доктор Леноард Хорвитц пишува: „Музичката индустрија ја наметна фреквенцијата од 440 Hz, која се користи за глобално контролирање на светската популација. Таа фреквенција предизвикува агресивност, психосоцијална агитација и емоционален стрес кој дополнително се манифестира и низ физичка болест.

Но, таа фреквенција предизвикува и политичка корупција, генетска дисфункција и крос-културна дегенерација на традиционалните вредности ризикувајќи го животот на земјата, како и агресија на општа вознемиреност и емоционална нарушеност.

Никола Тесла исто така изјавил дека „ако сакате да продрете и ја откриете тајната на вселената, во смисла на енергија и свест, занимавајте се со фреквенциите и вибрациите“.

И навистина, некои луѓе во тајност си земаа право да си поигруваат со нашиот ум и потсвеста со тоа што ја промениле нашата фреквенција на живот. Тие деструктивни фреквенции со себе носат и деструктивни чувства и мисли. Освен тоа, го симулираат и мозокот, кој создава несогласни резонации, а последично на тоа, тие фреквенции предизвикуваат болести, војна и хаос. Дали тие фреквенции се одговорни за тоа што луѓето од западниот свет често се безволни и во раздразлива состојба?

Ротшилд и Рокфелер од музиката направија оружје

Се разбира, зад тие застрашувачки експерименти, со помош на кои сега веќе не знаеме дали се манипулира или не, стојат две семејства кои владеат со оваа планета. Тоа се Рокфелер и Ротшилд, кои први ги финансираа истражувањата.

Во 1913 година семејството Ротшилд ја постави својата трета и средишна банка во САД, „Банка на федералните резерви“ со помош на своите агенти ЈП Морган и ЈД Рокфелер, чии влогови во американската индустрија исто така се суфинансирани од Ротшилд.

 

Воената фреквенција трае

По Првата и Втората светска војна се создаде картелско банкарско лоби со цел прекројување на светската политика и депопулација на населението. На пример, во 1914 година, на почетокот на Втората светска војна германската банка „Ротшилд“ парите ги пренасочила кон германската влада.

Британската „Ротшилд банка“ парите ги пренасочила кон британската влада, а Француската, кон француската влада. Воената пропаганда се служела со геополитичкиот и финансиски план на Ротшилд, а Ротшилд ги финансирале и најголемите светски новински агенции како „Волф“ во Германија, „Ројтерс“ во Англија и „Хавас“ во Франција.

Сите ги финансирала „Ротшилд банката“. Меѓу Првата и Втората светска војна, околу 1930, научните истражувања се темелени на музичката индустрија и фреквенција кои најдобро одговараат на планираните воени одлуки, а кои ги финансирале Ротшилд-Рокфелер врските, кои, пак, ги застапувала Рокфелер фондацијата на американската воена морнарица. Истражувањата требале да откријат кои факти влијаат на психопатологијата на човекот, емоционалниот стрес и „масовната хистерија“.

Џејмс Тобиас, професор од Универзитетот во Калифорнија, истражувал во архивата на Рокфелер фондацијата и дошол до конкретни докази дека ова оружје е произведено. Тобиас исто така дошол до заклучок дека оваа воена фреквенција се користела и за време на Втората светска војна, со поставување звучници на јавните простори и воените полиња за противниците да бидат победени уште пред истите да бидат свесни за тоа.

Тие успеале во тоа и предизвикале емоционална погоденост, но и масовна хистерија, а своето оружје го репетираат и ден денешен.

Со помош на фреквенцијата се доаѓа до целосна контрола над човечкото суштество и човештвото. Гледајќи што денеска се случува по целата планета, од неверојатната безволност, раздразливост, но и незаинтересираност на човечкиот род, па сè до војните и болестите, не можеме, а да не заклучиме дека човечкиот род е изменет, дека е обликуван и подложен на двете семејства кои очигледно нè држат во рака. Затоа што апсолутна тишина не постои, а фреквенцијата која некој ја произведува е насекаде околу нас.

извор:репортер.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top