Инкасант од ЈКП „Никола Карев“ од Пробиштип речиси 2 милиони денари (32.500 евра) од наплатени сметки за вода си присвоил за себе, а на штета на граѓани кои навремено си ги плаќале сметките, информираат од МВР.
Полицијата на 45-годишниот инкаснат И.Ц. од Пробиштип му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Како што информираат од МВР, во текот на 2011 година И.Ц. за да го прикрие недостигот на парични средства од комунални сметки што ги наплатил од физички лица во износ од 1.911.941 денари, а ги присвоил за себе, изготвил нови финансиски картички за 2006 и 2007 година за наплата на комунални услуги од фиктивни лица, користејќи шифри од лица кои редовно ги плаќале сметките.
Три физички лица, кои редовно ги плаќале сметките, И.Ц. ги презадолжил со нови сметки на кои биле зголемени износите за плаќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст