| четврток, 6 декември 2018 |

До 10 часот во Крива Паланка излезеноста е 14,8 отсто, во Ранковце 16,2

До 10 часот излезеноста на гласачите во општина Крива Паланка е 14,8 отсто.

– Од вкупниот број гласачи на подрачје на општината,17.144, до десет часот гласале 2537 гласачи или 14,8 отсто. Гласањето се одвива непречено, информира Душко Арсовски, претседател на ОИК Крива Паланка. Во општината има вкупно 47 избирачки места.

Претседателот на ОИК Ранковце, Даниел Крстевски, информира дека до 10 часот излезеноста на гласачите е 16,2 отсто.

На вкупно 17 избирачки места во општината денес ќе гласаат 3094 граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top