Во текот на вчерашниот ден околу 22.00 часот на скопската улица „Христо Татарчев“ во спортската обложувалница „Златна копачка“, засега непознат сторител со закана со пиштол од вработениот одзел околу 100.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и презема мерки за пронаоѓање на лицето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.