Општинската изборна комисија во Демир Хисар потврди дека навреме и без проблеми почнаа локални избори во таа општина.
– На годинешниве локални избори пријавени се два кандидата за градоначалник и две листи со кандидати за советници. Во општина Демир Хисар право на глас имаат 7.311 полнолетни граѓани кои веќе гласаат на 36 избирачки места, истакна Митко Јанкуловски, претседател на ОИК-Демир Хисар.
Општинската изборна комисија во Новаци потврди дека утрово во 7 часот отворени се 24 избирачки места на кои за иден градоначалник и членови на Советот на општина Новаци може да гласаат 3.076 лица со право на глас.
– Избирачкиот процес се одвива демократски, а граѓаните може да избираат градоначалник од три предложени кандидати и општински советнци од три советнички листи, посочи Стевче Стевановски, претседател на ОИК-Новаци.
Општинската изборна комисија во Могила потврди дека утрово точно навреме, во 7 часот почна избирачкиот процес кој се одвива на 23 избирачки места.
– Право на глас имаат 5.520 жители на општина Могила кои избираат еден од трите предложени кандидати за градоначалник и пет листи за идни членови на Советот на општина Могила, потврди Славко Велевски, претседател на ОИК-Могила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст