| четврток, 6 декември 2018 |

Непречено се одвива гласањето во општина Центар Жупа

Во општина Центар Жупа сите избирачки места се отворени навреме и гласањето се одвива без проблеми.

– Точно во седум часот отворени се сите 16 избирачки места. Гласањето се одвива без никакви проблеми. На овие, споредено со претходните локални избори, во единствениот избирачки список има 6.810 или 500 гласачи повеќе, потврди Еран Зубер, претседател на Општинската изборна комисија за оваа општина.

Своето граѓанско право вчера го оствариле четири болни и изнемоштени лица.

За функцијата градоначалник во трка се двајца кандидати, додека 13-те членови за новиот состав на Советот на општината се избираат од пет предложени листи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top