Сите 47 избирачки места во Крива Паланка се отворени навреме, информираат од Општинската изборна комисија Крива Паланка.
– Избирачките комисии навреме го подигнаа гласачкиот материјал и без задоцнување сите изборачки места се отворени во 7 часот, изјави Душко Арсовски, претседател на ОИК, Крива Паланка.
Рече дека вкупниот број пријавени болни и изнемоштени лица (198) го оствариле своето право на глас.
– Од вкупно девет лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор во Општинскиот затвор со отворено одделение во Крива Паланка, вчера гласаа осум, додека еден се изјаснил дека не сака да гласа, додаде Арсовски.
Во општината има вкупно 47 избирачки места на кои 17.144 гласачи можат да го остварат своето избирачко право.
Претседателот на ОИК Ранковце Даниел Крстевски информираше дека сите 17 избирачки места во општината се навреме отворени.
– Во седум часот се отворени сите избирачки места на кои ќе гласаат 3094 граѓани. Вчера од пријавените 65 болни и изнемоштени, во домашни услови гласаа 64 лица, рече Крстевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст