| четврток, 6 декември 2018 |

Навреме почна гласањето во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Навреме се отворени избирачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Во Куманово сите 167 места навреме се отворени. Право на глас во општината имаат 92.639 граѓани, информира претседателот на ОИК Звонимир Николовски.

– И во општина Липково навреме се отворени 36-те избирачки места, соопшти претседателот на ОИК Лирим Јашари. Во Липково право на глас имаат 25.070 лица.

Претседателот на ОИК Драган Јовановски информира дека сите 37 избирачки места во општина Старо Нагоричане навреме се отворени. Материјалот навреме е дистрибуиран. Во оваа општина право на глас имаат 3.428 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top