| четврток, 6 декември 2018 |

Во општина Дебар гласањето почна навреме

Во општина Дебар сите гласачки места се отворени навреме и гласањето на Локалните избори 2017 почна и се одвива непречено.

– Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во општинава се спроведува во 27 избирачки мест,а а право на глас имаат 18.406 граѓани или 1.458 гласачи повеќе споредено со претходните локални избори. Излезноста е мала, што е воообичаено за утринските часови, изјави Али Реџа, секретар на Општинската изборна комисија во Дебар.

Вчера своето граѓанско право го оствариле 38 болни и изнемоштени лица.

За функцијата градоначалник во трка се шест кандидати. Петнаесетте членови за новиот состав на Советот на општината се избираат од седум предложени листи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top