Циклонот Офелија, кој преку Атлантскиот Океан се движи кон Европа и утре се очекува да ги погоди бреговите на Ирска и Велика Британија, синоќа прерасна од втора во ураган од трета категорија.
Ударот на Офелија на Британските Острови се очекува да се случи на 30-годишнината од големото невреме што ја погоди Велика Британија во 1987 година, при што загинаа речиси 20 лица и беа откорнати околу 16 милиони дрва.
Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека во жариштето на Офелија дуваат ветрови со брзина од 185 километри на час, додавајќи дека сепак се очекува ураганот да ослaби пред доаѓањето до копното.
Метеоролошките служби на Ирска и на Велика Британија информираа дека се очекува ветровите на Офелија, кога ќе достигне до овие земји, да дуваат со брзина од околу 130 километри на час.
Во Ирска е прогласен „црвен аларм“ во западните реони на земјата, со предупредување дека ветровите може да предизвикаат штети на инфраструктурата и да донесат големи бранови и поплави.
Во Велика Британија за утре се најавени силни ветрови во Северна Ирска, Шкотска и северна Англија.
Доколку се остварат ваквите прогнози, ова ќе биде најсилниот ураган што ќе ја погоди Европа по 1961 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст