| четврток, 6 декември 2018 |

Херта е првиот фудбалски тим што изрази протест против дискриминацијата на Доналд Трамп

Германскиот бундеслигаш Херта Берлин е првиот фудбалски тим кој им се придружи на тимовите од НФЛ – лигата во САД, кои со клекнување изразуваат протест против расната дискриминација која ја протежира претседателот на САД, Доналд Трамп. Фудбалерите на Херта, како и членовите на стручниот штаб, пред самиот почеток на мечот против Шалке 04 од Бундес-лигата, изразија поддршка за играчите од НФЛ.

Клубот ја истакна својата иницијатива и на Твитер. „Херта застанува зад толеранцијата и одговорноста“, стои на официјалниот профил на Твитер на германскиот фудбалски прволигаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top