| четврток, 6 декември 2018 |

Лари Флинт нуди 10 милиони долари за компромитирање на Трамп (фото)

Издавачот на списанието „Хаслер“, Лари Флинт најави дека ќе му даде награда „до 10 милиони долари“ на секој оној што ќе му достави информации за компромитирање на американскиот претседател Домнналд Трамп, што би довело до покренување на иницијатива за импичмент и негова смена од функцијата.

Ваквиот оглас Флинт го објави на цела една страна во денешното издание на весникот „Вашингтон пост“.

Флинт уште лани во текот на предизборната кампања во САД нудеше еден милион долари на секој што ќе му достави видео или аудио запис со кој ќе се докаже дека Трамп е „уловен“ во противзаконско или непристојно сексуално однесување.

Во денешниот оглас Флинт бара „недвосмислен инкриминирачки доказ“ кој ќе може да биде објавен и да доведе до смена на Трамп од претседателската функција.

Како причини за смена на Трамп, Флинт, меѓу дрогото ги наведува, „компромитирањето на внатрешната и меѓународната политика, изнесување на стотици лаги, груб непотизам и именување на неквалификувани личности на високи позиции“.

– Импичментот е валкана и скандалозна ранота, но многу полоша алтерантива од тое е уште три години дестабилизирачка дисфункционалност. Сметам дека моја патритска должност и должност на секој Американец е да се ослободиме од Трамп, пред да стане премногу доцна, наведува Флинт во огласот.

На крајот на огласот е наведен бесплатен телефонски број и и-мејл адреса на која заинтересираните можат да ги испраќаат компромитирачките содржини за Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top