Триесет дена притвор му определил судија од Основниот суд во Тетово на тетовецот Н.Ќ. (57), кој вчера повреди три лица, две со нож и едно со стакло од кршење на шалтерот во тетовската пошта, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Против Н.Ќ. тетовската полиција претходно поднела кривична пријава за убиство во обид. Тој вчера доцна попладне бил префрлен во истражниот затвор во Шуто Оризари во Скопје.
Н.Ќ. вчера околу 13 часот најпрвин го нарушил јавниот ред и мир во поштата и го скршил стаклото од еден од шалтерите. Од парчињата со повреди се здобила вработената шалтерска работничка Ф.А.(31) од Мала Речица, а кога контролорот С.И.(53) од Камењане дошол да види што се случува, осомничениот Н.Ќ. го нападнал со нож и му нанел расекотина на лицето, по што избегал од поштата.
Надвор тој влегол во блиско такси и побарал од таксистот Х.М.(60) да го однесе до определено место, но откако Х.М. одбил да го стори тоа, Н.Ќ и нему со нож му нанел две убодни рани на десната рака и расекотина на левата. Потоа почнал да бега во правец на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ што се наоѓа во близина на поштата. Меѓутоа бргу бил стигнат и фатен од полицајци по што бил приведен во полициската станица во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст