Министерството за здравство преку огласот ги повикува докторите од приватните здравствени институции кои сакаат да работат во јавното здравство. Со измените на Законот за здравствена заштита се отвори можност за преземање на здравствените работници од приватното здравство.
– Овој повик за искажување интерес се однесува на доктори-специјалисти вработени во приватните здравствени установи кои сакаат да преминат да работат во јавните здравствени установи – посочуваат од Министерството.
За кандидатите е отворена веб-адреса prezemanje@zdravstvo.gov.mk, каде што може да испратат писмо за интерес. Во него треба да бидат наведени податоците за име и презиме, телефон за контакт, е-пошта, специјалност, работно искуство како специјалист, како и податок дали досега има работно искуство како специјалист во јавна здравствена установа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари