| четврток, 6 декември 2018 |

Современите жени пијат повеќе од мажите

Современите жени пијат колку мажите, ако не и повеќе, покажува новото истражување, направено од Универзитетот во Нов Јужен Велс.

Во изминатите 60 години бројот на жените кои пијат алкохол, постепено се зголемува, а дамите на возраст под 35 години веќе пијат повеќе од мажите.

Историски гледано мажите се склони кон посериозно алкохолно опијанување од огромни количини алкохолни пијалаци, кои се способни да му наштетат на здравјето. Научниците објаснуваат дека кај родените меѓу 1891 и 1910 година мажите кои пијат, биле двојно повеќе од жените. Во моментов кај родените меѓу 1991 и 2000 година двете групи се речиси нерешено.

Алкохолизирањето на жените се гледа најјасно кај тинејџерите.

За разлика од современите жени, кои постепено го зголемуваат внесувањето на алкохол, современите мажи пијат се помалку или воопшто не пијат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top