Лекарите од Одделението за токсикологија на Клиниката за ендокринологија и дијабетес во Ниш секојдневно се борат да спасат што повеќе животи на алкохолизирани пациенти.
Како што велат од Клиниката, рекордер е нишлија кој преживеал со дури 7 промили алкохол во крвта.
Докторката Слободанка Мишиќ вели дека борбата за животот на овој неславен рекордер била тешка.
„Со четири промили алкохол во крвта луѓето паѓаат во кома, меѓутоа овој пациент, кој инаку е хроничен алкохоличар, успеавме да го спасиме. Донесен е во болница речиси полумртов, сторивме сè што можевме и преживеа“, вели докторката.
Таа додава дека овој човек преживеал бидејќи организмот му бил навикнат на големи количини алкохол.
(Макфакс)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст