| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштете ја светлината за да заврши ова помрачување и да започне новото утро во Македонија

Голем број граѓани се собраа денеска на грандиозниот митинг пред Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Пред граѓаните кои ја направија победничката атмосфера во која цела кампања е ВМРО-ДПМНЕ, се обрати претседателот на партијата Никола Груевски. Тој кажа дека за голем дел од работите за кои во минатото предупредил дека тие ќе ги направат, а ќе имаат негативен одраз за граѓаните и државата веќе се случија, станаа реалност.

-Еве ги некои станаа дел од нашето секојдневие, а оние што се посериозни, со многу повеќе штетни и непоправливи псоледици има голема веројатност да се случат во периодот што следи по изборите. Вие сте свесни и добро знаете за што зборам и на што мислам. Изборите се шанса за да се испрати порака, за да не биде предоцна. За да не биде прекасно. 15-ти октомври е вистинскиот момент за испраќање на таа порака од граѓаните за Република Макдонија, изјави Груевски.

Тој кажа дека сака да ги повика сограѓаните кои гласаат за други партии.

Сакам да испратам порака и до граѓаните од различните етнички и социјални групи, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати, христијани, муслимани, атеисти, работници, невработени, пензионери, млади, земјоделци, доктори, професори, учители, жени и мажи, горди граѓани на Македонија. Сакам исрено да ги повикам и да им кажам: Приклучете се кон новата ера, приклучете се за да го забрзаме напредокот на Македонија и нашите градови и села, рака до рака, рамо до рамо. Ние нема да ве изневериме, ви давале збор, со име и со чест. Ајде да го направиме ова за вас, за вашите семејства, за нашите деца, за подобра иднина и животен стандард. За подобри и поквалитетни услуги. Заедно да потпишуваме подобри проекти, изјави Груевски.

Груевски кажа дека безусловно ги сакаат граѓаните, безусловно ја сакаат земјата, безусловно го сакаат нашето знаем..

-Сите ние заедно сме Македонија, пуштете ја светлината на новата ера, пуштете ја светлината за развој на нашите градови и села. Пуштете ја светлината за стабилност, мир, единство и доверба. Пуштете ја светлината за еднакви услуги и правда. Пуштете ја светлината за да заврши ова помрачување и да започне новото утро во Македонија. Затоа што сите ќе се разбудиме во посветло утро на 16-ти октомври, 15-ти октомври ќе биде ден на победа на Македонија. Ви ветуваме, ќе чекориме заедно, ќе растеме заедно. Ќе бидеме посилни и ќе победуваме заедно, рече Груевски пред насобраната толпа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top