| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Се што може СДСМ да направат е да фрлаат кал кон нас

Сакам искрено да ги прашам моите сограѓани во Република Македонија. Што ви кажаа другите? Што ви соопштија во нивната кампања? Само Груевски, Груевски и Груевски. Секој ден зборуваат за Груевски, навредуваат, манипулираат, без да кажат некоја конкретна понуда зошто да гласате за нив. Викаат гласајте против Груевски, без да кажат зошто да гласате за нив. Зошто? Затоа што се што може да направат е да фрлаат кал кон нас, да измислуваат лаги за нас и да користат само и само празни зборови – посочи Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот завршен партиски митинг во Скопје.

Пред насобраната толпа тој го искоментира настапот на СДСМ во Штип;

-До каде отидоа во нервозата која им поминува во агресија, се виде вчера во Штип. Ги навредија луѓето дека се „блесави и налудничави“. Замислете, овој човек без ронка перде и срам, направи сериозен скандал вчера, настапувајќи агресивно и со купишта навреди кон македонскиот народ, нарекувајќи ги луѓето блесави и налудничави ако не гласаат за него. Јас такви луѓе не гледам ниту познавам. И тие и вие, и цела Македонија се домаќини луѓе, паметни и разуми, честити, искрени и работници. Овие луѓе многу добро знаат што се случува. Овие луѓе ќе ја испорачаат казната на 15ти откомври и ќе му порачаат директно што мислат за сите овие навреди кон сопствената држава и сопствениот народ.

Тој понатаму постави прашање „Значи што видовте од нив оваа кампања?“, давајќи го сам одговорот „Ништо“.

Видовме дека од вториот ден од кампањата почнаа со негативна кампања. Пуштаат ли пуштаат негативни спотови. Тие тоа го прават поради недостаток на конкректни проекти, во недостаток на јасна визија, сфаќајќи дека не проаѓаат нивните голи фрази од типот живот, воздух, вода, магла и слично. Свесни дека губат, свесни дека народот ги има прочитано и нема по втор пат да го прејдат. Многумина наши поддржувачи и пријатели ни велеа и не прашуваа зошто не пуштаме и ние негативна кампања, зошто не пуштаме спотови на телевизија со погубниот договор од Бугарија, зошто нема негативна кампања за нивниот понижувачки однос виза ви бројни национални прашања, зошто не се осврнуваме во детали за криминалите кои ги прават секојдневно со една неверојатна леснотија и потценување мислејќи дека некој ќе им прости или нема да ги разбере, катастрофалните одлуки под притисок за разни судски случаи, или за пуштање на слобода на бројни криминалци, криумчари на дрога, злосторници… – рече Груевски.

Тој нагласи дека за разлика од нивните противници, тие немаат негативна кампања затоа што, како што изјави, знаат дека граѓаните на Македонија сето тоа го гледаат и нема потреба од посебна кампања за тоа.

-Тоа е толку јасно и негативно само по себе што нема подобра негативна кампања од секој еден поминат работен ден на оваа власт. Но ова не треба да не охрабрува, грешките што ги прават се на штета на сите граѓани и на целата држава, и мора да им се испрати порака на овие избори, за да не забегаат, и додека се уште има време. Не смее да се пропушти оваа шанса, не смее да се потценат овие избори и мора сите заедно гордо да излеземе и да покажеме што значи Македонија и од што ков сме направени – порача Груевски од бината во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top