| четврток, 6 декември 2018 |

Евролига: Меккејлеб и Антиќ во елиминациски средби

Ако и вечерва доживеат порази шансите на Фенербахче и Олимпијакос за четвртфинале ќе бидат сведени на минимум

Двајцата македонски репрезентативци Бо Меккејлеб и Перо Антиќ денеска имаат важни натпревари во кошаркарската Евролига. Петтото коло во најквалитетното клубско натпреварување е практично елиминациско за плејмејкерот и турскиот Фенербахче кој по четири порази вечерва го дочекува рускиот Химки кој е солиден (3-1) во групата Б. Во истата конкуренција настапува и нашиот центар кој со Олимпијакос патува во Тел Авив. И екипата од Атина и Макаби досега остварија по една победа комбинирана со три порази.

Во преостанатите два меча предвидени за денеска се соочуваат клубови од исти земји. Во шпанската пресметка Каха Лаборал ја пречекува Барселона, а во германската Алба му е домаќин на Бросе Баскет. Другите четири средби се утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top