| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар – Барса е меч од висок ризик

Натпреварот од 5. коло во групната фаза од лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона ќе биде меч од висок ризик поради големиот број на гледачи што се очекуваат во салата во СЦ „Јане Сандански” в сабота.

„РК Вардар во соработка со полицијата реши за саботниот натпревар да го затвори паркингот до салата за користење. Поради тоа им се препорачува на сите гледачи навреме да дојдат во салата, а доколку патуваат со автомобил да бидат свесни дека е можно да има застој во сообраќајот поради очекуваниот голем број на гледачи во салата.

Истовремено ги потсетуваме сите гледачи дека во салата е забрането внесување на тврди предмети, и контролата на влезовите ќе биде вообичаена за ваков тип на натпревари“, се вели во соопштението на РК Вардар.

Средбата меѓу Вардар и Барселона е закажана за в сабота од 17,30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top