| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска ќе легнат 32.000 денари на сметката на Рашковски – награда за незаконското самоназначување за член на УО на Телеком

 

Генералниот секретар на криминогената влада на Зоран Заев Драги Рашковски не само што немаше грам морал за да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата член на собранието на акционери на Телеком, туку и денеска ќе претседава со седницата на Собранието на акционери на Телеком. По завршувањето на денешниот ангажман, на сметката на Рашковски ќе легнат 32.000 денари, награда за неморалното и незаконско однесување на генералниот секретар на Владата, бидејќи според член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, генералниот секретар не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека членувањето на Рашковски во управен одбор е противзаконско, но од негова страна нема никаква реакција.

Однесувањето на Рашковски е неморално и незаконско бидејќи според член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, Генералниот секретар не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, вели Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

За секое присуство на седница на собранието на акционери, во кое Рашковски сам се назначи, тој ќе добива по 500 евра, а му следуваат и службен телефон со неограничен лимит, компјутери, користење на службено возило на негово барање.

Згора на тоа Рашковски упорно молчи за непотизмот што го шири низ државните институции. Не е доволно само повлекувањето на неговата баба, Елена Начевска што се именуваше во второстепената владина комисија и повлекувањето на неговиот кум, адвокатот Дејан Костиќ. Овие лица треба веднаш да ги вратат народните пари кои ги испумпаа од буџетот на Република Македонија. Република Македонија не е ничија приватна сопственост и Рашковски заедно со Заев не можат да се однесуваат кон државата како кон колач кој ќе го поделат неколку фамилии од власта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top