Сметките на „Фени индустри“ се уште се блокирани иако Владата и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев неодамна изјави дека Владата е посветена на изнаоѓање решение за проблемот со Фени.
Причината која компанијата ја наведе поради блокираните сметки се ниските цени на фероникелот на светските берзи. Оттаму велат дека преговорите со една банка не дале резултат и таа побарала блокада на сметката.
Анѓушев неодамна изјави дека Владата е посветена на изнаоѓање решение и оти интензивно разговараат со сопственичката структура и менаџерскиот тим на Фени, но од тоа нема никаков резултат.
– Владата е посветена на изнаоѓањето решение, интензивно разговараме и со сопственичката структура и со менаџерскиот тим на „Фени“ да изнајдеме решение како овој проблем да биде решен. „Фени“ е голем индустриски капацитет, истакна Анѓушев.
Посочи дека Владата може да помогне на краток рок, во рамките на своите капацитетит, но, долгорочно решение мора да понудат сопствениците и менаџерскиот тим на комбинатот.
Празните ветувања на СДСМ и Анѓушев влеваат паника кај вработените кои стравуваат оти може да ги загубат работните места.
Фени работи на одржлив минимум, а секој ден имало присуство на извршители во компанијата. Според пишувањата на медиумите, веќе се почнало со мерење на геометри со кое се врши мерење и обележување на земјиштето.
Царинска управа им ги одзела одобренијата за увоз и извоз на „Фени Индустри“. Оваа ситуација е алармантна ако се земе фактот дека сметката на банката е блокирана и компанијата нема покритие за банкарската гаранција која служи како доказ дека има начин да се платат давачките. Вработените се скептични и исплашени бидејќи за да се извадат повторно овие одобренија потенцираат дека треба многу време и процедурата е многу долга.
Вработените немаат голема надеж дека „Фени“ ќе почне повторно да извезува и увезува. Инаку, од царинска Управа потврдуваат дека дел од одобренијата за увоз се одземени, но тие тврдат дека не на „Фени“ туку на фирмата „Нова Логистик“ која го врши транспортот за комбинатот.
Неофицијално се дознава дека дел од вработените во „Фени“ почнале да си бараат нова работа а други веќе си дале оставки.
Инаку актуелниот вицепремиер Кочо Анѓушев е сопственик на компанијата ЕДС која го снабдува „Фени“со електрична енергија. Јавноста се сомнева дека Фени намерно се уништува за непријателски да се преземе од стана на луѓе блиски на актулениот премиер Зоран Заев.
Доколку „Фени“ отиде во стечај македонската економија ќе доживее намалување и голем удар зашто таа компанија учествува со голем дел во градењето на Бруто домашниот производ на Република Македонија.
Голем дел од граѓаните ќе останат без работа а локалните шпедиции ќе треба да стават клуч на врата. „Фени Индустри“ има и директни и индиректни ефекти врз економијата од кои има бенефит и државата и граѓаните. Директно 850 луѓе би останале без работа, додека околу 4.000 индиректно би биле погодени од згаснувањето на овој гигант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст