| четврток, 6 декември 2018 |

Сестрите на Гинекологија дежураат за 150 денари

На Клиниката за Гинекологија имаме голем проблем со недостиг од кадар, информира директорката на Клиниката, Викторија Јовановска. Истото го утврдиле и здравствените инспектори кои направија вонреден инспекциски надзор по смртта на новороденчињата на Клиниката.

-Последниот анестезиолог е примен пред 15 години. Нема педијатри. Немаме инструменари. Ако ми верувате, сестрите дежураат за 150 денари. Во преговори сме со педијатри, кои ќе ги едуцираме и примиме, вели директорката.

И здравствените инспектори констатирале низа недоследности во однос на кадарот и опремата на оваа здравствена установа.

newsroom.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top