Исчезнатиот битолчанец Мирче Трајковски (46), кој пред неколку дена мистериозно исчезна, е пронајден жив и здрав во местото Курбиново, Ресенско, пренесува „Нова Македонија“.
Иако Трајковски уште од саботата е во својот дом, битолската полиција него се уште го води за исчезнат. Според информациите до кои дојде „Нова Македонија“, Мирче Трајковски без да им каже на своите најблиски неколку дена престојувал во манастирот во Курбиново, Ресенско.
Додека битолската полиција го бараше на сите места, тој во саботата на радост на неговите најблиски неочекувано сам си дошол дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Манастирот во Калишта исцелува од болести и ги дарува оние кои не можат да имаат деца
-
Oдбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот во Матка
-
На 7 август бидете овде: Манастирот Света Ана има чудотворна моќ да дава пород
-
Пален и обновуван, овој манастир прави чуда: Немавме деца, отидовме и се случи чудо



