| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на средба со амбасадорите на САД, државите-членки на ЕУ и НАТО, посочени низата прекршувања во текот на кампањата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес оствари средба со амбасадорите на САД, држави членки на Европската Унија и НАТО во Република Македонија. Тема на разговор беше изборната кампања, и нејзиниот тек, се вели во партиското соопштение.


„Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека во текот на кампањата се забележени низа прекршувања на изборниот процес, физички инциденти, демолирања на штабови, како и злоупотреба на државните ресурси во партиски цели. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ исто така беше истакната потребата од спроведување на фер и демократски избори, за што е потребен зголемен ангажман на државните институции“, стои во соопштението испратено од партијата до средствата за јавно информирање.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена во заложбата за спроведување на фер и демократски избори и создавање на демократски амбиент за сите учесници во изборниот процес.

„Неминовно е власта да престане со злоупотребите на државните институции, со цел запазување на демократијата. ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека претстојните локални избори мора да бидат по највисоките стандарди, со цел Република Македонија да продолжи да чекори по патот кон ЕУ и НАТО“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top