Дека паниката од пораз кај СДСМ е голема доказ е еклатантното кршење на изборниот законик, при што министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски ја вмеша и полицијата, полицијата која е под негова контрола, пишува порталот Денешен.
Имено, поддршката која граѓаните ја покажуваат кон ВМРО-ДПМНЕ, во повеќе места ги тера од владејачката партија да даваат поткуп, во обид да дојдат до глас повеќе. Делото поткуп е едно од најголемите прекршувања на изборниот законик, според експертската јавност со ваквите потези од страна на СДСМ, се поставува сериозно прашање дали овие избори може да бидат прогласени за фер и демократски.
Инаку, покрај грубото и секојдневно прекршување на изборниот законик, во сервис на својата партија, ставена е и полицијата, каде министер е Оливер Спасовски, кој исто така самиот место да работи на расчистување на големите нерегуларности во текот на оваа кампања, си тера кампања за својата партија.
На фотографиите до кој дојде Денешен, може да се види како партиски активисти на СДСМ прават поткуп на граѓани со зејтин, а што е уште полошо нив во тој процес ги штити полицијата, која само немо го гледа ова грубо прекршување на законот. Според нашите информации синиот автомобил, марка Шкода припаѓа на полицијата.
Граѓаните коментираат дека се гледа паниката кај СДСМ во пресрет на локалните избори во недела, каде според анкетите се очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во поголемиот дел од општините.
Инаку како даваат поткуп на дело беа фатени партиски активисти на СДСМ и од други делови на државата, но полицијата предводена од Спасовски место да почне да ги решава овие случаи, штитенички се поставува гледајќи го поткупот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст