| четврток, 6 декември 2018 |

Со „новата ера“ до 150 илјади нови работни места и пад на невработеноста под 10 отсто

Новата ера ќе донесе 150 илјади нови работни места во Македонија во наредната декада и пад на невработеноста под 10 проценти, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Делчево.

– Кога можевме да ја намалиме од без малку 40 проценти на 22,6 проценти, како што можевме во минатата декада да ја зголемиме вработеноста од 560 илјади вработени на 733 илјади, значи бројот на вработени се зголеми за 173 илјади нови работни места, ќе можеме и наредната декада да ја смалиме невработеноста од 22 на 10 проценти и да отвориме најмалку 150 илјади нови работни места. Нова ера на 2,5 пати повисок приход по жител, односно од пет на 12 илјади долари просечно по глава на жител. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции, истакна Груевски.

Од Делчево тој најави два нови проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

– Стекнување сопствен дом, кој е значаен посебно за младите семејства. Втората компонента на овој проект се однесува за надградба на постоечките куќи. Предвидуваме ослободувањето или намалувањето на комуналиите да може да се користи и во овој случај, доколку некое семејство сака да изврши надградба на кат на постоечка куќа. Процентите на намалување на комуналиите се идентични како при изградба на нова куќа, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред делчевци рече дека предвидуваат отпис на долгови за социјално загрозените семејства.

– Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09.2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства, изјави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top