| четврток, 6 декември 2018 |

Убиена најпознатата британска „бела вдовица“

Најпознатата британска „бела вдовица“ Сели Џонс според засега официјално не потврдени извештаи е убиена во Сирија во напад на американските дронови.

Според британскиот „Индепендент“ американските разузнувачи им кажале на нивните колеги од МИ6 дека припадничката на екстремистичката терористичка Исламска држава Сели Џонс, кој во 2013 година од Кент заминала во Сирија за да се бори на страната на ИД е убиена во близина на границата на Сирија со Ирак. Џонс загинала во нападите на американските дронови во моментите кога го напуштала градот Рака, кој во моментов најголемото упортиште на терористите од ИД.

Британски „Сан“ кој прв ја пренесе оваа вест , тврди дека извештајот за смртта на „белата вдовица“ се криел од очите на јавноста бидејќи наводно со неа е убиен и нејзиниот 12- годишен син Јојо.

Но, „Индепендент“ истакнува дека досега секогаш било тешко да се потврди смртта на некој екстремист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top