| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп им вети пониски даноци на американските камионџии

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави вчера дека главната цел на неговата даночна реформа е да ги намали даноците, да ги поедностави бирократските обврски и даноците да бидат поправедни кон американските работници и средната класа.

Трамп зборуваше на настан во градот Харисбург во Пенсилванија, пред здружение на камионџии и мали и средни бизнисмени. Предогот на Трамп е данокот на доход за компаниите да се намали од 35 на 20 проценти, додека кај индивидуалците да се воведат неколку пониски стапки на данок, со значителни даночни олеснувања за семејствата со деца.

– Кога вашите камиони се движат, Америка расте, изјави Трамп пред камионџиите, додавајќи дека намалувањата на даноците кои ги планира републиканската администрација ќе бидат како ракетно гориво за американската економија.

– Малите компании за превоз на роба ќе видат значителни намалувања во нивните даноци, додаде Трамп.

Претседателот на САД говореше со голем камион со натписот „повторно победуваме“ зад него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top