| четврток, 6 декември 2018 |

ФИБА излезе со нова ранг листа, Македонија 38. на светот

Светската куќа на кошарката (ФИБА) денеска ја промовираше и претстави новата ранг листа на која Македонија назадуваше четири позиции во однос на претходното издание.

Имено ФИБА има нов начин на бодување спонзориран од „Најк“, а ние како за старт со 153.8 поени сме на 38 позиција во светски рамки или 21 кога се во прашање само селекциите од Европа.

Најблиску до нас кога се станува збор за планетарниот ранкинг се Сенегал и Израел кои се пред нас, односно Велика Британија и Унгарија кои ни дишат во врат. Кога пак се работи за листата за стариот континет ние сме во сендвич на Израел и Велика Британија.

На самиот врв е САД пред Шпанија, Србија, Франција и Аргентина која ја заокружува најдобрата петка на светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top