Кандидатот за градоначалник на Аеродром, кој е и актуелен градоначалник, Ивица Коневски денеска се сретна со жителите на Долно Лисиче. Претендентот за нов мандат, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ им вети детска градинка на жителите на Долно Лисиче. По посетата на својот фејсбук профил напиша:
Вечерва се наоѓаме во срцето на Долно Лисиче, каде на средба со граѓаните имаме можност да ги промовиравме проектите што ги предвидовме во предизборната програма за оваа населба.
Двата позначајни проекти меѓу нив се изградба на училишна спортска сала во основното училиште „Гоце Делчев“ и првата детска градинка во Долно Лисиче, доколку ја добиеме вашата доверба на локалните избори на 15 октомври.
• Изградба на кошаркарско игралиште (STREET BASKET) со соодветна подлога која ќе може да се користи на сите временски услови и ќе биде соодветно осветлено, со сите потребни реквизити неопходни за овој вид спортување
• Изградба на тротоар на ул. 7 кај новиот парк во Долно Лисиче кај надвозникот со бекатон плочки
• Изградба на атмосферска канализација на дел од ул. 1 во Долно Лисиче
• Реконструкција на водоводна мрежа во Долно Лисиче (на ул.1 и краци на улица 1)
• Осветлување на патот Горно – Долно Лисиче
• Реконструкција на улиците 1, 2 и 20 во Долно Лисиче (замена на стариот слој асфалт со нов слој асфалт во должина од 1.800 м. за ул.1, 1.300 м. за ул.2 и 600 м. за ул.20)
• Обезбедување на локации за проектот „КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ И КУЌА ЗА НАД 36 години“ во Долно Лисиче по подвозникот северно од пругата со околу 200 плацеви и целосна урбанизација на просторот.
• Поддршка на Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Света троица“ во организација на КУД Гоце Марковски од Долно Лисиче по повод истоимениот верски празник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст









