Шумските пожари во Калифорнија уништија околу 3.500 домови и трговски објекти, како и многу области за производство на вино, соопшти државната пожарникарска служба. Во огнената стихија, која се шири со голема брзина, досега загинаа 17 луѓе, а 150 се водат како исчезнати.
Пожарот зафатил повеќе од 46.500 хектари земјиште од неделата поради сувото време и силниот ветар.
Повеќе од 90.000 домови и фирми во окрузите Сонома и Напа се без струја, а испораката на гас е прекината за повеќе од 28.000 домови.
Десетици илјади луѓе беа приморани на евакуација. Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба во окрузите Напа, Сонома и пет други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



















