| четврток, 6 декември 2018 |

Затвореник избега од затворот во Прилеп

Во Полициска станица Прилеп вчера 33-годишниот Д.Н. инаку вработен во Казнено поправна установа Затвор Прилеп пријави дека истиот ден во времето од 19.00 до 19.30 часот додека заедно со двајца негови колеги Д.П. и Р.В. го носеле притворениот Л.П. да му се изврши преглед во Градска Болница, при излез од болницата додека го ставале во возило, тој го турнал службеникот и избегал.
Настанот е пријавен во Полициска станица од Општа надлежност Прилеп.
Околу 22 часот лицето било пронајдено и спроведено во Казнено поправна установа Затвор Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top