| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски: Ќе победиме затоа што го направивме Скопје метропола со која сите се гордееме

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија во Шуто Оризари се обрати кандидатот за градоначалник на Општина Шуто Оризари. Тој порача дека 15 октомври коалицијата ќе победи во Шуто Оризари и во Скопје, поради тоа што тоа што е ветено е сработено.
-Граѓаните на Скопје гласаат за човек , за личност во која имаат доверба, а таква личност е Елвис Бајрам. Гласаат за проектите кои што се реализирани и од Шуто Оризари и од Скопје. Гласаат за програмите кои што ги имаме предвидено, нашите предизборни програми 2017-2021 година. Граѓаните гласаат за проверени и докажани кандидати, а не за почетници. Граѓаните не ризикуваат со кандидати кои што не ги познаваат и за оние кои што само водат политика и насилство. Почитувани жители на Шуто Оризари да ви се заблагодарам на добербата што ми ја дадовте во 2009 и 2013 година, да станам градоначалник на градот Скопје, на сите жители од Шуто Оризари. Тоа за мене беше голема чест и воедно голема одговорност да го исполнам тоа што го ветив пред вас. Плод на таа одговорност и посветеност се успешно реализираните проекти, заедно со мојот тим и администрацијата на градот Скопје, го сменивме ликот и функционалноста, градот Скопје стана метропола со која сите ние граѓаните и жителите на Скопје се гордееме.Реализиравме голем број на проекти кои го сменија ликот на Шуто Оризари, изјави Трајановски.

Тој кажа дека реализирале проекти кои ја подобрија хигиената и проточноста во сообраќајот, го зголемија зеленилото, ја подобрија инфраструктурата

-Најнапред ќе го споменам новото средно училиште во Општина Шуто Оризари, кое го носи името на мојот професор по физичко образование, господинот Шаип Јусуф, тој ми беше професор во средно образование и многу го почитувам и многу го ценам, изјави Трајановски.

Тој изрази благодарност за ова улчилиште и до Никола Груевски и кажа дека многу поголем број на ученици ќе се запишуваат и завршуваат средно училиште, кажа дека од тука ќе излегуваат квалитетни кадри.

-Ја реконструиравме улицата Пелагонија, која беше многу проблематична и во многу лоша состојба, реконстуиравме дополнително четири километри или 4.000 метри улици во Шуто Оризари, во соработка со градоначалникот Елвис Бајрам и со администрацијата на општината. Тоа е поддршка од градот Скопје за Општина Шуто Оризари, бидејќи таа е сиромашна општина.

Тој напомена дека е решен дециниски проблем со водоснабдувањето, тој кажа дека е трајно решавање за проблемот со водоснабдувањето во Шуто Оризари. Тој кажа дека досега се реализирани повеќе од 2.300 метри должни водовод во Општина Шуто Оризари

-Реконструирана е водоводна линија по дел од ул.Македонско Косовска Бригада до ул.Смилевска. Изграден е потисен цевковод за населно место Бутелски венец. Реконструирана е постоечка водоводна мрежа по дел од ул Менделеева, изјави Трајановски.

Тој кажа дека сето ова се проекти кои што ги подобруваат условите за живеење во општината, реализирани благодарение на соработката со Елвис Бајрам, како и дека огромна поддршка имале од советниците Роми во Советот.

-Ние нема да застанеме тука, ние ќе продолжиме да работиме за доброто на сите жители на сите граѓани во Општина Шуто Оризари, изјави Трајаовски.

Тој побара поддршка за уште мандат за градоначалник, како и за кандидатите на советници од ВМРО-ДПМНЕ. Побара поддршка и за Елвис Бајрам, за градоначалник на Шуто Оризари и за советничката листа од Сојузот на Ромите. Доколку нема мнозинство во советите тој кажа дека нема да може да се реализираат проектите од програмата.

Во следниот четиригодишен мандат ветуваме реконструкција на улица Индира Ганди, изградба на феклана канализациј во улица Пелагонија и улица Брсјачка буна, кои што се многу потребни на жителите на Општина Шуто Оризари. Градот Скопје директно ќе и помага на Шуто Оризари, бидејќи таа е сиромашна општина, ќе помогне ако советот даде согласност, а ќе даде ако вие изберете советници за да ги реализираме овие проекти.

Тој најави помош и во областа на зеленилото , бидејќи тоа го заслужуваат лугето.

-Општината Шуто оризари е пример за општина каде има мултиетнички соживот . Каде има градоначалник од ромската популација, единствен во Македонија, но и во Европа, тоа им го кажувам на сите кои доаѓаат во Република Македонија. Елвис Бајрам е вреден, работлив, млад човек, кој што посветено застанува и неуморно работи за жителите на Шуто Оризари, изјави Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top