| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Семејствата со три деца ќе се растоварат за 17.000 денари годишно за ужинка на основците

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска во Шуто Оризари, пред граѓаните се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој кажа дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ произлегува од проекти и решенија. Дека решенијата и проектите ја формираат нивната политика.
Нашата политика е заснована на помош на луѓето и тоа го правевме редовно и со Амди Бајрам и со Елвис Бајрам и секогаш се трудевме да помогнеме на луѓето, да најдеме решение, да се изгради нешто за Шуто Оризари. Ние ја нудиме новата ера. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало. Новата ера на 150 илјади нови работни места, тоа го нудиме ние оваа Коалиција која веќе во минатата декада отвори 173 илјади работни места и невработеноста ја намали од без малку 40 на 22 проценти. Ние можеме да ветиме дека ќе отвориме нови 150 илјади работни места и ќе ја намалиме невработеноста под 10 проценти. Секој што сака да работи ако е упорен и ако сака да најде работа ќе ја најде. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари. Тоа значи 2.5 пати побогати граѓани, но и 2.5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови.

Тој кажа дека се нуди нова ера на најниски даноци, поголеми плати, пензии и субвенции.

Нова ера во која ќе секоја општина во државата, вклучително и во Шуто Оризари учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиште. Придобивките се повеќекратни, децата добиваат секојдневно здрава храна значајно за нивното здравје и создавање на добри навики за користење на производи кои се корисни за нивниот развој, но и ќе се оствари заштеда за родителите. Директно се помага домашниот буџет на секое младо семејство, а родителите имаат заштеди од околу 600 денари месечно за едно дете или за цела учебна година околу 5.400 денари. Ако има две деца, заштедите се двојно поголеми скоро 11 илјади и ако се три деца деца оваа заштеда ќе биде 17 илјади денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top