| четврток, 6 декември 2018 |

За цените на лековите ќе се одлучува еднаш годишно

Владата на Република Македонија на денешната седница на иницијатива на Министерството за здравство, го усвои предлогот за нова методологија за изменување на Методологијата за начинот на формирање на цените на лековите.

Според Методологијата, Комисијата која одлучува за цените на лековите, наместо два пати годишно, ќе се состанува еднаш годишно, со што, како што велат ќе се отстранела непотребната администрација и ќе се намалеле трошоците за работата на оваа комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top