Фудбалска сензација во Португалија. Гибралтар ја совлада Македонија со 1:0 во квалификациски дуел на младите селекции за пласман на ЕП 2019 во Италија. За најмладата и најмала членка на УЕФА ова е прва победа во историјата во категоријата У21. Стрелец на единствениот гол на стадионот „Алгарве“ во Фаро беше Грем Торилја, член на локалниот клуб Монс Калпе, во 64. минута што го прави и најефикасен во тимот кој мечевите досега ги завршуваше со нула.
Оправдување за поразот нема и не смее да има. Доаѓа од селекција која е формирана во декември лани и од земја која не значи баш ништо во меѓународниот фудбал. За разлика од неа, Македонија во летниот период за првпат настапи на Европското првенство во Полска. Точно е дека генерацијата што направи историја ја надмина возрасната граница и пречекори во сениори, но нивните наследници драстично го нарушија тешко стекнатиот углед и реноме што се градеше со години.
Младите Гибралтарци успеаја до погодок од единствениот удар во рамки на голот на Ѓорѓев во што „црвено-жолтите“ не успеаја во 16 закани кон противничката цел. Македонија падна на последното место на табелата со една победа (против Ерменија во гости со 3:0) и два пораза (од Србија на домашен терен 0:2 и сега од Гибралтар 0:1).
Бламажата на Пиринеите, несакајќи, навраќа на Ла Вела каде Андора, исто така, испиша историја и со 1:0 ја порази Македонија квалификациите за сениорското СП 2006.
Гибралтар (У21) – Македонија (У21) 1:0
Стадион „Алгарве“ во Фаро, Португалија. Гледачи: 300. Гл. судија: Манфредас Лукјанцукас. Асистенти: Владимир Герасимов и Едгарас Бучинскас (сите тројца од Литванија). Ж. картони: Крисп, Џоли (Гибралтар); Симовски, Попзлатанов, Абаз (Македонија). Ц. картон: Позлатанов 90’+4′ (Македонија). Стрелец: Торилја 64′ за Гибралтар.
Гибралтар (формација 4-3-3): Банда – Брито, Крисп. Енесли, Џоли – Балантајн, Торилја, Винет – Исола (Брид 87′), Пизаро (Прескот 59′), Ернандез (Негрете 83′). Селектор: Арон Аскез.
Македонија (формација: 4-2-3-1): Ѓорѓев – Симовски, Костов, Амановиќ, Попзлатанов – Георгиев, Тотре (Иљази 85′) – Исени, Петковски (Крезиќ 68′), Костадинов – Селмани (Абаз 55′). Селектор: Благоја Милевски.
Квалификации за ЕП 2019 (У21)
Група 7
Гибралтар – Македонија 1:0
Србија – Русија 3:2
Ерменија – Австрија 0:5
Табела: Србија 9 бода (3 меча), Русија 7 (4), Ерменија 7 (5), Австрија 6 (3), Гибралтар 3 (6), Македонија 3 (3).
Наредни мечеви: Ерменија – Русија (10 ноември), Австрија – Србија (10 ноември), Македонија – Австрија (14 ноември), Ерменија – Србија (14 ноември).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст